„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Здружение на металургија

Во Здружението на металургијата членуваат 20 репрезенти од дејностите :
- Вадење руди на метали;
- Производство на основни метали;
како и  комапнии од  дејностите сродни на металургијата.

Основни цели и задачи во работењето на Здружението се: да разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавање на тековните проблеми во металуршката, како клучна дејност на македонската економија,  да усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес, иницира и остварува соработка од заеднички интерес на членовите од други здруженија и меѓународна соработка, да  работи на унапредување на бизнис-климата, ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и др.

На седницата на Здружението на металургијата одржана на 05.02.2020 година, Ацо Попоски, од компанијата „Железник челичен лив и гранулат“ од Демир Хисар, беше избран за претседател на Здружението, а Иван Бановски од „Макстил“ АД - Скопје, Тодорка Ристовска од „Либерти“ АД - Скопје и Симон Темелков од „Еуроникел Индустри“ - Кавадарци за заменици-претседатели на Здружението во следниот петгодишен мандат.

Kако значаен базно-суровински комплекс, вадењето на руди од метал и производството на основни метали со индустријата на преработка на метали претставува стопански комплементарна и заокружена технолошка целина.

Во производството на основни метали, како специфична базна гранка од стратешко значење, инсталирани се заокружени техничко технолошки системи во кои е вградена современа опрема и технологија од повеќе познати светски производители.

Во секторот металургија и производство на основни метали остварени се значајни странски вложувања, и тоа во производството на топловалани, ладновалани и превлечени лимови, феролегури, профили и цевки, бетонско железо и други производи.

Во секторот вадење на руди на метали ги има следните инсталирани капацитети:

- 30.000 тони олово;
- 23.000 тони цинк;
- 40.000 тони бакарен концентрат, кој содржи бакар и злато;

Металуршката индустрија во земјата ги има следните инсталирани капацитети:

- за топловалани дебели лимови - 520.000 тони,
- топловалани траки - 800.000 тони,
- ладновалани лимови - 600.000 тони,
- поцинковани и пластифицирани лимови - 150.000тони,
- заварени цевки и профили - 500.000 тони,
- феросилициум- 80.000 тони,
- феро и силико манган 180.000 тони,
- фероникел - 20.000 тони,
- арматурно-бетонско железо - 100.000 тони,
- разни видови на одлеаноци - 12.000 тони,
- светловалана, поцинкувана и патентирана жица - 7.000 тони.

Вадењето на руди од метал и производството на основни метали со индустријата на преработка на метали учествува со 1,36% во националниот БДП, а ако се земат предвид мултипликативните ефекти на овој сектор, учеството надминува 10%. Компаниите од металуршкиот сектор (вадење на руди од метал и производството на основни метали со индустријата на преработка) вработуваат повеќе од 6.000 лица, односно повеќе од 10.000 лица вклучувајќи ги поврзаните дејности.

Металуршкиот сектор учествува во вкупниот национален извоз со 16,2%, со вредност од речиси една милијарда евра, додека извозот на индустријата на железо и челик учествува со 8,4% во вкупниот национален извоз.

 

Металургијата, како една од носечките гранки на македонската економија, треба да биде континуирано поддржувана во насока на унапредување на конкурентноста и продуктивноста на компаниите од овој сектор.

Металургијата креира големи мултипликативни ефекти за целата економија, поради синергетските ефекти во репродукциските процеси и има потенцијал да испорача раст. Затоа, треба да биде третирана како стратешки важна гранка, а за обезбедување на понатамошен раст на оваа индустриска гранка приоритетни се следните прашања:

- Обезбедување на инфраструктурни предуслови за реализирање на нови инвестиции во металуршката индустрија (определување локации погодни за објекти од категоријата тешка индустрија, како и обезбедување на соодветна инфраструктура за потребите на тие објекти);
- Обезбедување на соодветна железничка, патна и енергетска инфраструктура за потребите на металуршките капацитети;
- Соодветно конципирани еколошки стандарди и регулатива, особено во нарушени услови на стопанисување на глобален план;
- Пристап до поповолни извори на финансирање на тековното работење и развојот и финансиска поддршка за решавање на техничко-технолошкото и еколошкото преструктуирање;
- Формирање на фондови за одобрување на строго наменски кредити со цел стимулирање на извозот на извозно-ориентираните претпријатија;
- Обезбедување на стабилни на подолг рок ланци на снабдување со основните материјални инпути, енергенси, производни услуги и сл.;
- Обезбедување на соодветен и квалификуван стручен кадар за потребите на металуршкиот сектор;

 


Контакт лице: Мартин Стрезоски
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување

Телефон: + 389 2 3244018
Е-адреса: martin@mchamber.mk