„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за одобрување на планот за одржување на електродистрибутивниот систем за 2024 година

05.06.2024

Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 15, а во врска со член 93 став (3) точка 8) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија на седницата одржана на 30 мај 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА 2024 ГОДИНА
 
1. Се одобрува Планот за одржување на електродистрибутивниот систем за 2024 година, доставен од Друштвото за дистрибуција на електрична енергија ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ.
2. Се задолжува Друштвото за дистрибуција на електрична енергија ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ, Планот за одржување од точка 1 од оваа одлука да го објави на својата веб-страница.
3. Оваа одлука влегува со сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
 
Бр. 12-540/5
30 мај 2024 година                                                                   
Скопје                                                             
 
          Регулаторна комисија за енергетика,
 водни услуги и услуги за управување
             со комунален отпад на
          Република Северна Македонија
                            Претседател,
                   Марко Бислимоски, с.р.