„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА КРИТИЧНА ИНФРАСТРУКТУРА

22.12.2022

 Со овој закон се уредува заштитата и градењето отпорност на критичната инфраструктура, идентификацијата и определувањето на критичната инфраструктура, начинот на постапување со работите поврзани со националната и европската критична инфраструктура, националниот систем на заштита на критичната инфраструктура, секторите на националната критична инфраструктура, надлежностите и одговорноста на субјектите, секторските надлежни министерства и сопствениците/операторите, координацијата, информирањето, известувањето, заштитата на класифицирани информции поврзани со критичната инфраструктура, надзорот врз спроведувањето на овој закон и други прашања поврзани со заштитата и градењето на отпорност на критичната инфраструктура.

Критична инфраструктура на Република Северна Македонија се физички или виртуелни средства, системи, објекти, мрежи или нивни делови со кои се остваруваат витални функции на општеството, а кои се од суштинско значење и прекинот на нивната работа или нивното уништување би имало значително влијание или сериозни последици за националната безбедност, здравјето и животот на луѓето, животната средина, безбедноста на граѓаните, економската стабилност односно функционирањето на државната.
Сектори на националнa критичнa инфраструктурa по правило се:
  • Енергетика (производство, вклучувајќи и брани, рударство, пренос, складирање, транспорт на енергенсите и енергијата, дистрибуција и сл.),
  • Транспорт (патен, железнички, воздушен и воден сообраќај),
  • Банкарски системи и инфраструктура на финансиските пазари,
  • Здравство (здравствена заштита, производство, трговија и контрола над лековите)
  • Водоснабдување (системи за довод и одвод на води),
  • Храна (производство и снабдување со храна, стокови резерви)
  • Производство, складирање и превоз на опасни материи (хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни материјали),
  • Јавни служби (обезбедување на јавен ред и мир, заштита и спасување, итна медицинска помош),
  • Дигитална инфраструктура, комуникациски и информациски технологии (електронски комуникации, пренос на податоци, информациски уреди и инсталации, аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и сл.).
Националниот систем за заштита на критичната инфраструктура го сочинуваат Владата на Република Северна Македонија, Координативниот центар при Министерството за одбрана, Националниот совет за унапредување на системот на заштитата и градењето на отпорноста на критичната инфраструктура, надлежните секторски министерства, регулаторните тела од соодветните сектори, сопствениците/операторите на критичната инфраструктура, офицерите за врска за безбедност на критичната инфраструктура и органи на државна управа и други државни органи, органи на локална самоуправа, јавни претпријатија и други органи формирани од државата и правни лица кои се одговорни за инвестирање, заштита, отпорност, координација и менаџирање со обврска да овозможат редовно функционирање и известување за системот на критичната инфраструктура и безбедност на граѓаните, секторот приватно обезбедување како и комори и стручни здруженија.
Целосниот текст на предлог законот е достапен на следниот линк.