„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија

04.04.2024

Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ КОЈ ЌЕ
СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ БАНКАТА ЗА РАЗВОЈ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА И
РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ЗА
ПРОГРАМСКИ ЗАЕМ НА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
АД СКОПЈЕ ЗА КРЕИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ВО МИКРО, МАЛИ И
СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
Се прогласува Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2024 година.
Бр. 08-2172/1
28 март 2024 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
 Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
ЗАКОН ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА
ОБВРСКИТЕ ПО РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ
БАНКАТА ЗА РАЗВОЈ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА И РАЗВОЈНАТА БАНКА НА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ЗА ПРОГРАМСКИ ЗАЕМ НА РАЗВОЈНАТА
БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ЗА КРЕИРАЊЕ НА РАБОТНИ
МЕСТА ВО МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА
 
Член 1
Република Северна Македонија го гарантира исполнувањето на обврските од Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, за програмски заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје во износ од 50.000.000 евра за креирање работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија, доколку Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје не ги исполнува и сервисира обврските во рокови и услови предвидени во Рамковниот договор.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од членот 1 од овој закон се утврдуваат со Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија.
Член 3
Сите финансиски обврски кои произлегуваат од Рамковниот договор за заем од членот 2 од овој закон, ќе ги сервисира Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.
Член 4
Заемот од членот 1 од овој закон ќе се повлекува во најмалку две транши.
За секое повлекување на износот од заемот во транша, Банката за развој при Советот на Европа ќе издаде Известување за повлекување, во кое ќе бидат утврдени конечните финансиски услови на траншата, меѓу кои се: износот на траншата, датумот на исплата, каматната стапка, рокот на отплата и останатите услови за повлекување на средствата.
Рокот за отплата на заемот ќе се одреди за секоја транша одделно во Известувањето за повлекување на траншата.
Рокот за отплата на секоја транша од заемот, освен на транша за обртни средства, нема да надмине осум години, со вклучен грејс- период од една година.
Рокот за отплата на секоја транша за обртни средства нема да надмине три години, без вклучен грејс-период.
Член 5
Каматната стапка ќе се одредува за секоја транша од заемот одделно во Известувањето за повлекување на траншата.
Член 6
За регулирање на меѓусебните права и обврски, кои произлегуваат од Рамковниот договор за заем и Договорот за гаранција, Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, ќе склучат посебен договор.
Член 7
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.