„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за финансиски инструменти

22.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ (*)
 
Се прогласува Законот за финансиски инструменти (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 13 март 2024 година.
Бр. 08-1947/1
13 март 2024 година
Скопје
 
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател на Собранието
на Република Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ (*)
ГЛАВА I
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ И ДЕФИНИЦИИ
Предмет на уредување
Член 1
  1. Со овој закон се уредува:
(*) Со овој закон се врши усогласување со:
1. Директива 97/9/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 3 март 1997 година за шемите за обесштетување на инвеститорите (CELEX бр.31997L0009);
2. Директива 98/26/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 19 мај 1998 година за конечност на порамнувањата и системи за порамнување на хартии од вредност (CELEX бр.31998L0026), Директива 2009/44/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 6 мај 2009 година за изменување и дополнување на Директивата 98/26/ЕЗ за конечноста на порамнувањето во системите за плаќање и порамнување хартии од вредност и Директивата 2002/47/ЕЗ за аранжмани за финансиски колатерал во однос на поврзаните системи и кредитни побарувања (CELEX бр. 32009L0044), Регулатива бр. 648/2012 на Европскиот парламент и на Советот од 4 јули 2012 година за преку шалтер деривати, централни договорни страни и трговски складишта (CELEX бр. 32012R0648), Директива 2019/879 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2019 година за изменување и дополнување на Директивата 2014/59/ЕУ во однос на капацитетот за апсорпција на загуби и докапитализација на кредитните институции и инвестициските фирми и Директивата 98/26/ЕЗ (CELEX бр. 32019L0879);