„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНДУСТРИСКИ И ЗЕЛЕНИ ЗОНИ

06.12.2022

 Со одредбите на постојниот текст на Законот за индустриски и зелени зони („Службен весник на Република Македонија” бр. 119/13, 160/14, 173/15 и 192/15) се уредуваат условите и начинот за основање, управување и работење со индустриските и зелените зони, дејностите кои се вршат во индустриските и зелените зони, условите за нивно вршење, како и престанокот на работа на индустриската и зелената зона, отуѓувањето на земјиштето и обврските на сопственикот на дел од земјиштето и сопственикот на цела зона кои ќе вршат дејност во зоната, како и постапката за трансформација на технолошко индустриска развојна зона во индустриска зона.

Потребата од изменувањето и дополнувањето на Законот за индустриски и зелени зони, согласно со Известувањето на Министерството за економија е поради допрецизирање на одредени постапки за основање на зоните во зависност од статусот на основачот на зоните, како и утврдување на исклучоци во руралните општини со што би се овозможил побрз економски развој на руралните општини, а воедно би се поедноставила постапката за основање во истите. Консеквентно на претходното се вршат и измени во делот на законот со кој се уредуваат прашања по однос на проширување, скратување и трансформација на зоните, востановување на нови правни субјекти кои ќе работат како оператори на зоните кога основач на зоната е Владата на Република Северна Македонија. Процедурите за продажба и давање под закуп на земјиште и објекти во зоните исто така се предмет на доуредување со што би се постигнал поефективен пристап при тековното работење на институциите и телата надлежни за спроведување на овие управни постапки.
Одредбите на членовите 32-а,32-б,32-в,32-г,32-д,32-ѓ,32-е,32-ж,32-з,32-ѕ,32-и,32-ј,32-к,32-л и 32-м од постојниот текст на законот со кои се уредува постапката за издавање на одобрение за градење се бришат и предметната постапка ќе биде уредена со подзаконски акт.
Дејностите кои што се определени да се вршат во зелените зони со измените на законот се условуваат со исполнување на одредени дополнителни критериуми кои подетално ќе бидат доуредени со акт на Владата на Република Северна Македонија. Воедно целиот текст на постојниот закон е номотехнички доуреден согласно утврдените измени и дополнувања. 
 
Целосниот текст на предлог - закон е достапен тука.