„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за државно правобранителство

05.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
 
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за државното
правобранителство, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 29 февруари 2024 година.
 
Бр. 08-1479/1                            
29 февруари 2024 година         
Скопје                                                
 
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател на Собранието
на Република Северна
Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
 
Член 1
Во Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република
Македонија“ број 87/2007, 167/10 и 104/15), во член 23 по ставот 1 се додаваат два нови става 2 и 3, кои гласат:
„Условот од ставот 1 алинеја 5 на овој член не се однесува за лице кое од функцијата државен правобранител со седиште за определено подрачје на суд каде што се врши државноправобранителската функција е именувано на функцијата државен правобранител на Република Северна Македонија.
Во случајот од ставот 2 на овој член по престанокот на функцијата државен
правобранител на Република Северна Македонија, по поднесено лично барање, Владата на Република Северна Македонија, веднаш, а најдоцна во рок од седум дена од денот на престанокот на функцијата, го именува лицето за државен правобранител со седиште за подрачјето од кое бил именуван пред именување на функцијата државен правобранител на Република Северна Македонија.“.
Ставот 2 станува став 4.
 
Член 2
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.