„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки

12.02.2024

Цели, начела и основни решенија на предлог на законот:
Целта на конкретното законско решение е подобрување, односно зголемување на ефикасноста на веќе постојниот Закон за рестриктивни мерки од 2017 година. Решенијата од овој предлог на закон се меѓусебно поврзани. Со овој предлог на закон се врши прецизирање на процедурите за воведување, спроведување и престанок на важење на рестриктивните мерки во Република Северна Македонија, како придонес кон активностите за поефикасно остварување на стратешките надворешно - политички приоритети и интереси на Република Северна Македонија.