„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на РСМ

01.02.2024

Предлагач е Владата на РСМ
Цели, начела и основни решенија на законот:
Основната цел на Предлогот на закон е задржување на финансиската стабилност преку спречување, намалување односно отстранување на системските ризици во банкарскиот сектор како најдоминантен сегмент во финансискиот систем.
Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон. Основни решенија на предлогот на закон се:
· се воведува нова задача на Народната банка спроведување на макропрудентна политика и преземање макропрудентни мерки кон банките, штедилниците и другите финансиски институции на кои им издала дозвола;
· се дава можност Народната банка да врши активности на решавање на банки;
· се воведува Извршен одбор како орган на управување на Народната банка;
· се врши усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи.
· се овозможува натамошно диверзифицирање на девизните резерви