„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Исправка на Тарифникот за висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи

16.01.2024

По извршениот увид во текстот на Тарифникот за висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.116/14, 159/14, 94/15 и 155/18 и  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/21) се утврди дека е направенa грешка, при што Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности, на седницата одр жана на 2024 година, даде
И С П Р А В К А НА ТАРИФНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗВРШЕНИТЕ ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ОД СТРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ПОЕДИНЦИ ОВЛАСТЕНИ ГЕОДЕТИ И ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ
 
Во Тарифникот за висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи („Службен весник на Република Маке-донија“ бр. 116/14, 159/14, 94/15 и 155/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/21) во членот 2, во табелата, во редниот број 12.1, во колоната „Вид на геодетски елаборат“ знакот „%“ се брише.
Во членот 2, во табелата, во редниот број 14, во колоната „Вид на геодетски елаборат“ знакот „%“ се брише.
Во членот 2, во табелата, во редниот број 16, во колоната „Вид на геодетски елаборат“ знакот „%“ се брише.
Исправката влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 0101-797/1                                   Управен одбор
11 јануари 2024 година                    Претседател,
Скопје                                         Роберт Бешовски, с.р.