„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, по скратена постапка

13.01.2024

Цели, начела и основни решенија на законот: Една од клучните цели на овој закон е дигитална трансформација на јавниот сектор со кој ќе се предвиди трансформација односно транзиција од дистрибуирана дигитална инфраструктура кон централизиран пристап во Владин облак. Високо ниво на кибер безбедност со цел заштита и понатамошен развој на општеството. Градење и развој на информациско комуникациска (ИКТ) инфраструктура, односно поефикасна и поефективна дигитална трансформација на јавниот сектор. Висок степен на отвореност со цел да се обезбеди развој на иновативни софтверски решенија. Во моментов во Република Северна Македонија отсуствува правна регулатива во областа безбедност на мрежи информациски системи, и се наметна потребата за изготвување на овој закон. Исто така има потреба да се транспонира Директивата (ЕУ) 2022/2555 на Европскиот парламент и на Советот од 14 декември 2022 година во однос на мерките за високо заедничко ниво на кибер-безбедност низ Унијата, односно НИС 2 Директивата.