„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Нацрт текст на Предлог на Закон за органско земјоделско производство

28.02.2023

Со Нацрт текст на Предлог на Закон за органско земјоделско производство, чиј предлагач е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се врши усогласување со:

- Регулатива (ЕУ) бр. 2018/848 на Европскиот Парламент и на Советот од 30 мај 2018 година за органско производство и обележување на органски производи и за укинување на регулативата (ез) бр. 834/2007 на советот;
- Регулатива за спроведување на комисијата (ЕУ) 2021/1165 од 15 јули 2021 година, одобрување на одредени производи и супстанции за употреба во органско производство и утврдување на нивната листа.
 
Цели на предлог регулативата
Предложениот Нацрт Закон за органско земјоделско производство директно има за цел:
(а) придонес кон заштита на животната средина и климата;
(б) одржување на долгорочната плодност на почвите;
(в) придонес кон високо ниво на биолошка разновидност;
(г) значителен придонес кон здрава животна средина;
(д) придонес кон високо ниво на стандарди за благосостојба на животните и, особено, во задоволување на специфичните потреби на однесување на животните специфични за конкретните видови животни;
(ѓ) поттикнување на кратки дистрибутивни канали и локално производство;
(е) поттикнување на зачувувањето на ретки и автохтони раси на животни на кои им се заканува опасност од изумирање;
(ж) придонес кон развојот на снабдувањето на растителен генетски материјал прилагоден на посебните потреби и цели на органскотоземјоделство;
(з) придонес кон високо ниво на биодиверзитет, особено со користење на разновиден растителен генетски материјал, како што е органски хетероген материјали и сорти соодветни за органско производство;
(ѕ) поттикнување развој на органски селекциони активности со цел придонес кон поволните економски перспективи во органскиот сектор.