„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за одобрување на регулиран максимален приход и регулирана просечна тарифа за вршење на регулираната енергетска дејност организирање и упраување со пазарот на електрична енергија на националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО Дооел Скопје

24.12.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 17 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22) и член 17 став (1) од Правилникот за начин и услови за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 247/23), а во согласност со Тарифниот систем за пренос на електрична енергија и за пазар на електрична енергија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 95/19 и 103/19), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија на седницата одржана на 22 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД И РЕГУЛИРАНА ПРОСЕЧНА ТАРИФА ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕГУЛИРАНАТА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ОРГАНИЗИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ОПЕРАТОР НА ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА - МЕМО ДООЕЛ СКОПЈЕ
 
1. Регулираниот максимален приход (MAR) за вршење на регулираната енергетска дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија за 2024 година на МЕМО ДООЕЛ Скопје се одобрува да изнесува 80.629.350 денари.
2. Регулираната просечна тарифа за организирање и управување со пазарот на електрична енергија се утврдува да изнесува 0,0122 ден/kWh за планирани номинирани количини на електрична енергија на учесниците на пазарот на електрична енергија од 6.591.856.760 kWh.
3. Регулираната просечна тарифа од точка 2 на оваа одлука се применува во период од отпочнувањето на примена на оваа одлука до 31 декември 2024 година.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2024 година.
 
УП1 бр. 08-868/23
22 декември 2023 година
С к о п ј е
           Регулаторна комисија за енергетика,
          водни услуги и услуги за управување
         со комунален отпад на Република Северна
                            Македонија
                            Претседател,

                         Марко Бислимоски, с.р