„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој

13.12.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОДАВЕН СИСТЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ (*)
 
Се прогласува Законот за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 11 декември 2023 година.
Бр. 08-6410/1                      Претседател на Република
11 декември 2023 година     Северна Македонија,
Скопје                                  Стево Пендаровски, с.р.
 Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА СОВЕТОДАВЕН СИСТЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ (*)
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на законот
Член 1
Со овој закон се уредува воспоставувањето, организацијата и управувањето со Советодавниот систем за земјоделство и рурален развој, начинот на обезбедување советодавни услуги, условите за регистрација на советници, условите за регистрација и лиценцирање на давателите на советодавни услуги, водењето регистри на даватели на советодавни услуги и на советници, како и други прашања за спроведувањето на Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој.
Цел на законот
Член 2
Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој се воспоставува со цел да се подигнат и подобрат нивото на знаење, вештините и капацитетот на земјоделските стопанства и другите физички и правни лица кои се занимаваат со земјоделско производство и преработка на земјоделски производи преку обезбедување совети за имплементирање на добрите земјоделски и еколошки практики и одржлив земјоделски развој, подобрување на конкурентноста во земјоделството, користење иновации во развојот на земјоделско-прехранбените пазари, примена на нови технологии за прецизно земјоделство и информатичка технологија во земјоделското производство, промовирање на развојот на претприемништвото и руралните бизниси, ублажување и адаптација на климатските промени, водење грижа за биодиверзитетот и животната средина, јавното здравје, здравјето и благосостојбата на животните, како и за мерките и активностите утврдени во годишните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија.
______________________________________________________________________________
 (*) Со овој закон се врши усогласување со Регулативата (ЕУ) бр. 1306/2013 на Европскиот парламент и на Советот од 17 декември 2013 година за финансирањето, управувањето и следењето на заедничката земјоделска политика и за укинување на Регулативите (ЕЕЗ) бр. 352/78, (ЕЗ) бр. 165/94, (ЕЗ) бр. 2799/88, (ЕЗ) бр. 814/2000, (ЕЗ) бр. 1290/2005 и (ЕЗ) бр. 485/2008 на Советот, CELEX бр. 02013R1306