„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

23.05.2022

 Според Известувањето на Министерството за економија, целта на предложениот текст е регулирање на принудното купување и продавање акции или т.н. „истискување“ во Законот за трговските друштва, како мошне значајно прашање за малцинските акционери и за доминантниот акционер кој поседува над 95% од акциите со право на глас, низ воспоставување точно и прецизно пропишана законска процедура како да го остварат „истискувањето“ т.е. своето право на принуден откуп, односно право на продажбата на акциите, со развивање фер процеси на вреднување на цената на акциите и гарантиран рамноправен третман на акционерите. 

Дополнително целта е и регулирање на холдингот. Законското нормирање на холдингот, односно концернот и уредување на прашањата кои се однесуваат за неговото функционирање, а особено даночниот третман за овие субјекти, може значително да придонесе за поедноставување и подобрување на примената на постојните законски одредби со кои е регулиран начинот на функционирање на овие форми на поврзување меѓу трговските друштва, значително подобрување на деловните резултати кај овие субјекти, како и унапредување на нивното работење во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст и унапредување на економскиот систем. 
Целосниот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва е достапен на следниот линк.