„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци, висината на вредноста на прифатливите трошоци, како и висината на поддршка по корисник за поединечна мерка

29.11.2023

Врз основа на член 90 став (3) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ
УСЛОВИ ЗА ПОДДРШКАТА ОД МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ,
ВИСИНАТА НА ВРЕДНОСТА НА ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ, КАКО И ВИСИНАТА НА ПОДДРШКАТА
ПО КОРИСНИК ЗА ПОЕДИНЕЧНА МЕРКА
 
Член 1
Во Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци, висината на вредноста на прифатливите трошоци, како и висината на поддршката по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 88/15, 35/16, 59/16, 178/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/19, 214/19, 276/21, 91/22, 122/22, 186/22 и 73/23) во членот 2-б ставот (4) се менува и гласи:
„Сите баратели кои аплицираат за поддршката од став (1) на овој член поврзани со растително производство треба да ги поседуваат следните производни капацитети:
- минимум 2 ха за производствен капацитет за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура, освен за набавка на комбајни за житни култури (пченица, јачмен, р'ж, тритикале и/или овес) во кој случај треба да има минимум 10 ха производствен капацитет и/или
- минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и/или
- минимум 0,5 ха за производствен капацитет на тутун. “.
Член 2
Во членот 5 став (1) точка в) во алинејата 6 по зборот „јачмен“ се додаваат зборовите „ ,р'ж, тритикале“.
Во ставот (2) по алинејата 10 се додава нова алинеја 11 која гласи:
„ - до 3.000.000 денари за набавка на комбајни за житни култури; “.
Член 3
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 17-9602/5                                Министер за земјоделство,
24 ноември 2023 година         шумарство и водостопанство,
Скопје                                              Љупчо Николовски, с.р.