Целта на регулативата е сузбивање и превенција од корупција и озаконување и употреба на средства стекнати од незаконски извори, кои заради правни празнини не можат да бидат конфискувани. Со предлог - законот се утврдени следните цели: 1. Заштита на јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува било каква корист од имот за кој во постапката за конфискација на имот во граѓанска постапка согласно овој закон било утврдено дека имотот не бил стекнат од законски извори. 2. Оневозможување на располагање со имот и имотна корист за кои не може да се докаже дека се стекнати од законски извори. 3. Превенција за сторување на кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупција.