„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита

09.11.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 2 ноември 2023 година.
 Бр. 08-5680/1               Претседател на Република
2 ноември 2023 година  Северна Македонија,
Скопје                                Стево Пендаровски, с.р.
             Претседател
на Собранието на Република
      Северна Македонија,
       м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
 
Член 1
Во Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), во член 231 став (10) зборовите: „доделување на лиценца склучува договор за лиценца“ се заменуваат со зборовите: „вршење дејност во мрежата на здравствени установи издава решение за вршење дејност во мрежата со кое се доделува лиценцата“.
По ставот (16) се додава нов став (17), кој гласи:
„(17) По исклучок од ставот (11) на овој член ако е доделена лиценца за користење простор или опрема на јавна здравствена установа на здравствена установа која треба да престане со работа согласно со членот 318 од овој закон, а во установата работи и втор тим, чиј носител на дејност е со работен стаж од најмалку една година во установата, јавната здравствена установа не спроведува постапка за давање на просторот или опремата под закуп, а просторот и опремата потребна за вршење на соодветната дејност се доделува на носителот на дејноста од вториот тим вработен во здравствената установа, врз основа на одлука на Управниот одбор на јавната здравствена установа и писмена согласност од Министерството за здравство, кои ќе одговорат
на барањето најмалку три месеци пред да престане со работа актуелниот концесионер, согласно со членот 318 од овој закон.“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.