Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на законот. Предложените измени и дополнувања на Законот за електронските документи, електронска идентификација и доверливи услуги се во насока да се поедностави размената на документи создадени во електронска форма издадени од јавните органи, ако истите се репродуцираат на кој било печатен медиум, а притоа се издадени согласно Правилникот за задолжителни елементи на електронските документи.