Oсновни цели на законот се:
- да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и на животната средина при дефинирање и спроведување на политиките и активностите во областа на метрологијата и
- да се постигне високо ниво на заштита на потрошувачите преку мерките кои се донесени во врска со надзорот над прометот и употребата на мерилата на пазарот на Република Северна Македонија.
Покрај основните цели, со овој закон треба да се постигнат и следниве цели:
- се осигури дека мерилата се безбедни, исправни и во согласност со општите барања за метролошки надзор;
- да се обезбеди заштита на животната средина од ризиците кои би можеле да произлезат од неквалитни нафтени деривати и горива за транспорт;
- унифицираност на примена на одредени мерила и ознаки на пакувања на производите;
- следливост на сообразноста на мерилата со општите и поединечните барања за метролошки надзор и
- да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и на животната средина, преку оценување на ризиците поврзани со пласирање и употреба на мерила, со истовремено подобрување на функционирањето на пазарот преку хармонизација на правилата за пласирање на пазарот на мерилата.
- да се обезбеди ефикасно и ефективно давање на електронски услуги на корисниците