„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.209 од 05.10.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување

09.10.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
 
Се прогласува Законот за регистар на задолжително социјално осигурување,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 3 октомври 2023 го- дина.
 
Бр. 08-4886/1               Претседател на Република 3 октомври 2023 година                   Северна Македонија,
Скопје                       Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА РЕГИСТАР НА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Глава I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет
Член 1
  1. Со овој закон се уредува основањето, организа- цијата, делокругот на работа, начинот на вршење на ра- ботата и раководењето на Управата за водење на регис- тарот на задолжително социјално осигурување (во на- тамошниот текст: Управата).
  2. Со овој закон се уредува структурата, содржи- ната, податоците и начинот на водење на регистарот на задолжително социјално осигурување, условите за не- гово користење, регистрацијата на пријави, одјави и промени во задолжително социјално осигурување, раз- мената на податоци меѓу надлежните органи и другите институции.
  3. Со овој закон се уредуваат и правата и об- врските на сите правни и физички лица кои учествува- ат во задолжително социјално осигурување, овластува- њата и одговорностите при собирањето, евидентира- њето, обработката и заштитата на податоците во врска со работите на Управата, во согласност со закон.
Цел на законот
Член 2
Целта на овој закон е да се воспостави единствен регистарски систем на управување и евиденција на си- те податоци поврзани со системот на задолжително со- цијално осигурување, кој ќе придонесе за ефикасно ос- тварување на правата и обврските кои произлегуваат од задолжителното социјално осигурување.
Примена на законот
Член 3
  1. Овој закон се однесува на евиденцијата на пода- тоците од задолжителното социјално осигурување на сите правни и физички лица кои учествуваат во задол- жителното социјално осигурување.
  2. За прашањата во однос на евиденцијата на за- должителното социјалното осигурување кои не се уре- дени со овој закон, се применуваат законите со кои се регулираат здравственото осигурување, пензиското и инвалидското осигурување, осигурувањето во случај на невработеност, задолжителното капитално финанси- рано пензиско осигурување, како и наплатата на при- донесите за задолжителното социјално осигурување и прописите донесени врз основа на овие закони.
  3. Во прибирањето, обработката, користењето, раз- мената и чувањето на податоците, се применуваат про- писите од областа на заштитата на личните податоци.
  4. При пријавувањето на податоците во електрон- ски облик и утврдувањето на автентичноста на подато- ците и идентитетот на потписникот се применуваат од- редбите од прописите од областа на електронското ра- ботење и употребата на податоците во електронски об- лик и електронски потпис.
  5. Во однос на создавањето, складирањето и обра- ботката на податоци и документи во електронска форма, електронската идентификација и доверливите услуги, се применуваат прописите од областа на елек- тронските документи, електронската идентификација и доверливите услуги.