„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.204 од 29.09.2023 г. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување

01.10.2023

Врз основа на член 18 став 1 алинеја 8, член 20 став 1 алинеја 111 и член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20, 77/21 и 154/23), член 15 став 1 алинеја 7 и член 39 став 1 алинеја 11 од Деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Пречистен текст) арх.бр.01-3732/1 од 29.7.2019 година, согласно Заклучокот на Советот на Агенцијата арх.бр.02-3506/2 од 25.9.2023 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на својата 30-та седница одржана на 22.9.2023 година, донесе
П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МИНИМАЛНИ ТЕХНИЧКИ, ПРОСТОРНИ, ФИНАНСИСКИ И КАДРОВСКИ УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКО ЕМИТУВАЊЕ
 
Член 1
 Со овој Правилник се врши изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Македонија“ бр.172/14 и 76/15), во понатамошниот текст: Правилникот.
Член 2
 Во глава „II. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ РАДИОДИФУЗЕРИ (РАДИЈА И ТЕЛЕВИЗИИ)“, членот 2 од Правилникот се менува и гласи: „Член 2 Радиодифузерот, за да врши радио или телевизиско емитување во подрачјето за кое ја добил дозволата за радио и телевизиско емитување од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за одредено ниво на гледаност/односно слушаност (државно, регионално или локално ниво), треба да располага со опрема и технички средства со кои обезбедува квалитетно производство и емитување на својата програма. Во случај на чести прекини или поголем технички проблем кој влијае на квалитетно емитување на произведената програма, радиодифузерот треба да ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
За емитување на својата програма, радиодифузерите можат да користат радиофреквенции, капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, сателит или капацитет од оператор на јавна електронска комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс.
Секој радиодифузер во својот објект треба да поседува непрекинато напојување, со кое ќе обезбеди енергетска независност за функционирање на основните функции на радиодифузерот, односно непречено емитување на програмата. Во зависност од нивото на гледаност/односно слушаност (државно, регионално или локално ниво), радиодифузерите треба да ги задоволат следниве критериуми во однос на непрекинатото напојување:
 
_____________________________________________________________________________________
 1 Алинеите 8 и 9 се избришани, види: член 8 од Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија”бр.248/18)
- за регионално и локално ниво: целосна енергетска независност од најмалку 1 (еден) час;
 - за државно ниво: целосна енергетска независност од најмалку 6 (шест) часа.
Енергетската независност може да се постигне со користење на уред за непрекинато напојување, генератор или друг алтернативен извор на електрична енергија.“
Член 3
 Во глава „III. УСЛОВИ ЗА РАДИО ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (РАДИО)“ подглава „Основни технички услови, стандарди и параметри“, во членот 3 „Студио“, во ставот 2 од Правилникот, се вршат следните измени и дополнувања:
 - во алинејата 1, по зборот „бучава“, се додаваaт зборовите: „(со цел да нема интерференција на звукови);“.
 - алинејата 2 се брише.
 - алинејата 3 станува алинеја 2.
Член 4
Во глава „III. УСЛОВИ ЗА РАДИО ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (РАДИО)“ подглава „Основни технички услови, стандарди и параметри“, членот 5 „Просторија за режија“ од Правилникот, се менува и гласи:
„Член 5
Просторија за режија е просторија во која со помош на електронски и електроакустички уреди се води, подготвува или произведува програма со говорна или музичка содржина и се извршува контрола на звукот и на излезниот сигнал.
Секое радио задолжително мора да поседува просторија за режија.
Просторијата за режија мора да ги исполнува следниве критериуми:
- површината на просторијата после акустичката обработка да изнесува најмалку 10m2, со висина на обработениот простор од најмалку 2,6 m;
- обликот на просторијата се препорачува да биде правоаголен или трапезоиден. Поради стереофонијата потребно е да се обезбеди просторна и акустичка симетрија;
- просторијата за режија треба да биде акустички обработена и изолирана од надворешната бучава и
- во просторијата за режија да има задолжителна употреба на вентилација или климатизација.
Доколку е предвидено во просторијата за режија истовремено да присуствуваат повеќе од две лица, површината на просторијата треба да се зголеми за најмалку 2 m2 по лице.“
Член 5
Во глава „III. УСЛОВИ ЗА РАДИО ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (РАДИО)“ подглава „Основни технички услови, стандарди и параметри“, во членот 6 од Правилникот, се вршат следните измени и дополнувања:
- ставот 1 се менува и гласи: „Режијата може истовремено да се користи и како студио, но опремата во режијата не треба да влијае на квалитетот на звукот.“
- ставот 2 се брише.
- ставот 3 станува став 2.
Член 6
Во глава „III. УСЛОВИ ЗА РАДИО ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (РАДИО)“ подглава „Основни технички услови, стандарди и параметри“, членот 7 (Дополнителни простории) од Правилникот се менува и гласи:
„Член 7
Секое радио за подрачјето за кое има добиено дозвола за одредено ниво на слушаност (државно, регионално или локално ниво) и кое планира на својот програмски сервис, освен претходно снимени содржини од друга продукција, да емитува и сопствена програма продуцирана во живо или одложно, мора задолжително да поседува:
- просторија за редакција (просторија за новинари);
- просторија за управител или главен уредник и
- просторија за сместување на техничко-информатичката опрема.
Редакцијата и просторијата за управител или главен уредник, можат да бидат споени во една просторија.“
Член 7
Во глава „IV. КАДРОВСКИ УСЛОВИ“ подглава „Број и структура на вработените“, членот 9 од Правилникот се менува и гласи:
„Член 9
Имателот на дозволата за радио емитување е должен во редовен работен однос да има најмалку:
1) 10 (десет) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување говорно или говорно-музичко радио на државно ниво;
2) 7 (седум) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување музичко или музичко-говорно радио на државно ниво;
3) 4 (четири) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување говорно или говорно-музичко радио на регионално ниво;
4) 3 (три) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување музичко или музичко-говорно радио на регионално ниво;
5) 2 (две) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на локално ниво, за подрачје со над 50.000 жители;
6) 1 (едно) лице кое учествува во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на локално ниво, за подрачје со под 50.000 жители.
Одговорниот уредник на програмскиот сервис треба да биде во редовен работен однос.
Лицата наведени во ставовите 1 и 2 од овој член треба да се вработени во радиодифузерот со полно работно време, согласно одредбите од Законот за работните односи.
Лица кои учествуваат во создавањето на програмата се новинари, спикери, техничари на опрема за снимање и пренос на звук, монтажери, како и лица вработени на други работни места директно поврзани со создавањето на програмата.
 Исполнувањето на минималните кадровски услови се докажува со доставување документ Пријава/Одјава во задолжително социјално осигурување – Образец М1/М2 издаден од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.“
Член 8
Во глава „V. УСЛОВИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (ТЕЛЕВИЗИЈА)“ подглава „Основни технички и просторни услови, стандарди и параметри за студискиот дел на телевизиите кои емитуваат програма на локално и регионално ниво“, во членот 11 (Просторија за режија), во ставот 1 од Правилникот, зборовите „објективна и субјективна“ се бришат, а во ставот 2, по зборот „изнесува“ се додава зборот „најмалку“.
Член 9
Во глава „V. УСЛОВИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (ТЕЛЕВИЗИЈА)“ подглава „Основни технички и просторни услови, стандарди и параметри за студискиот дел на телевизиите кои емитуваат програма на локално и регионално ниво“, членот 13 (Дополнителни простории) од Правилникот, се менува и гласи:
„Член 13
Телевизиите кои емитуваат програма на локално и регионално ниво, мора задолжително да поседуваат:
- просторија за редакција (просторија за новинари);
- просторија за управител или главен уредник и
- просторија за сместување на техничко-информатичката опрема. Оваа просторија може да биде дел од некоја друга просторија.“
Член 10
Во глава „V. УСЛОВИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (ТЕЛЕВИЗИЈА)“ подглава „Основни технички и просторни услови, стандарди и параметри за студискиот дел на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво со наслов „Просторни услови, членот 14 (Студио) од Правилникот се менува и гласи:
„Член 14
Секоја телевизија која планира на својот програмски сервис да емитува сопствена програма продуцирана во живо или одложно, мора задолжително да има најмалку 1 (едно) студио, акустички обработен студиски простор – телевизиско студио.
Во зависност од намената и бројот на лицата кои се планираат истовремено да присуствуваат во телевизиското студио, студискиот простор мора да ги задоволува следниве критериуми и да има:
- акустички обработена површина од најмалку 25 m2;
- висината треба да изнесува најмалку 2,6 m и
- изведена вентилација или климатизација.“
Член 11
Во глава „V. УСЛОВИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (ТЕЛЕВИЗИЈА)“ подглава „Основни технички и просторни услови, стандарди и параметри за студискиот дел на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво со наслов „Просторни услови“, во членот 16 (Ниво на осветленост во студиото) од Правилникот, во ставот 1 зборовите: „соодветната просторија“ се заменуваат со зборот: „студиото“.
Член 12
Во глава „V. УСЛОВИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (ТЕЛЕВИЗИЈА)“ подглава „Основни технички и просторни услови, стандарди и параметри за студискиот дел на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво“, членот 18 (Главна контролна просторија - (Master-control room) од Правилникот се брише.
Член 13
Во глава „V. УСЛОВИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (ТЕЛЕВИЗИЈА)“ подглава „Основни технички и просторни услови, стандарди и параметри за студискиот дел на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво“, во членот 19 (Просторија за монтажа) од Правилникот, кој со овие измени и дополнувања станува член 18, по зборот „емитување“ се додаваат зборовите: „(оваа просторија може да биде дел од просторијата за редакција)“.
Член 14
Во глава „V. УСЛОВИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ (ТЕЛЕВИЗИЈА)“ подглава „Основни технички и просторни услови, стандарди и параметри за студискиот дел на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво“, членот 21 (Дополнителни простории) од Правилникот, кој со овие измени и дополнувања станува член 20, се менува и гласи:
„Член 20
Телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво, мора задолжително да поседуваат:
- просторија за редакција (просторија за новинари);
- просторија за управител или главен уредник и
- просторија за сместување на техничко-информатичката опрема. Оваа просторија може да биде дел од некоја друга просторија.“
Член 15
Во глава „VI. КАДРОВСКИ УСЛОВИ“ подглава
„Број и структура на вработените“, членот 22 од Правилникот (кој со овие измени и дополнувања станува член 21) се менува и гласи:
„Член 21
Имателот на дозволата за телевизиско емитување на програмски сервис од општ формат е должен во редовен работен однос, да има најмалку:
1) 70 (седумдесет) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на државно ниво преку терестријален предавател;
2) 20 (дваесет) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на државно ниво преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит;
3) 7 (седум) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на регионот Д1-Скопје;
4) 5 (пет) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на регионите: Д1-Црн Врв - Велес, Д2-Страцин, Д3-Туртел, Д4-Боскија, Д5-Пелистер, Д6-Мали Влај и Д8-Попова Шапка;
5) 3 (три) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на регионот Д7-Стогово;
6) 4 (четири) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на локално ниво, за подрачје со над 50.000 жители;
7) 3 (три) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на локално ниво, за подрачје од 30.000 до 50.000 жители;
8) 2 (две) лица кои учествуваат во создавањето на програмата, ако има дозвола за емитување програма на локално ниво, за подрачје со под 30.000 жители.
Имателот на дозволата за телевизиско емитување на програмски сервис од специјализиран формат е должен во редовен работен однос да има најмалку:
1) 10 (десет) лица ако има дозвола за емитување програма на државно ниво;
2) 3 (три) лица ако има дозвола за емитување програма на регионално ниво;
3) 1 (едно) лице ако има дозвола за емитување програма на локално ниво.
Одговорниот уредник на програмскиот сервис и од општ и од специјализиран формат треба да биде во редовен работен однос.
Лицата наведени во ставовите 1, 2 и 3 од овој член треба да се вработени во радиодифузерот со полно работно време, согласно одредбите од Законот за работните односи.
Лица кои учествуваат во создавањето на програмата се новинари, спикери, техничари на опрема за снимање и пренос на слика и звук, сниматели, монтажери, како и лица вработени на други работни места директно поврзани со создавањето на програмата.
Исполнувањето на минималните кадровски услови се докажува со доставување документ Пријава/Одјава во задолжително социјално осигурување – Образец М1/М2 издаден од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
Член 16
Во глава „VII. ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ РАДИОДИФУЗЕРИ (РАДИЈА И ТЕЛЕВИЗИИ)“ во членот 23 од Правилникот (кој со овие измени и дополнувања станува член 22), зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“.
Член 17
Во останатите одредби на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, кои не се предмет на овие измени и дополнувања, пред броевите изразени во метри/метри2, кај површината на просторијата за акустичка обработка и висина на обработениот простор, се додава зборот: „најмалку“ и зборовите: „вентилација и климатизација“ се заменуваат со зборовите: “вентилација или климатизација“.
Член 18
Во останатиот дел Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување не се менува.
Член 19
Овој Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Македонија“ бр.172/14 и 76/15), влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и истиот ќе се објави на веб страната на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Бр. 01-3539/1                                Агенција за аудио и аудиовизуелни
25 септември 2023 година                      медиумски услуги,
Скопје                                                     Претседател на Советот,
                                                                  Лазо Петрушевски, с.р.