„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.199 од 25.09.2023 г. Закон за изменување на Законот за здравствената заштита

26.09.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
 
Се прогласува Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 19 септември 2023 година.
 
Бр. 08-4607/1                                  Претседател на Република
19 септември 2023 година               Северна Македонија,
Скопје                                                   Стево Пендаровски, с.р.
 
                                               Претседател
                              на Собранието на Република
                                     Северна Македонија,
                                      м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
 
Член 1
Во Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), во член 104 став (2) во точката 3) зборовите: „или завршени академски студии“ се бришат.
Член 2
Во член 105 став (2) точката 3) се менува и гласи:
„има завршено високо образование од областа на медицинските, стоматолошките или фармацевтските науки, високо образование - дипломиран логопед, високо образование - специјалист по медицинска биохемија со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI А ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;“.
Член 3
Во член 110 ставот (11) се менува и гласи:
„3) За вршител на должноста директор се именува лице кое ги исполнува условите од членот 104 став (2) од овој закон, освен условите од точките 5) и 6).“.
Член 4
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.