„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.196 од 20.09.2023 г. Правилник за начинот и постапката за регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна за животни, како и формата и содржината на регистарот на увозници на храна на животни

20.09.2023

Врз основа на член 10 став (17) од Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесe
П Р А В И Л Н И К
ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УВОЗ НА
ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА УВОЗНИЦИ
НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна за животни, како и формата и содржината на регистарот на увозници на храна за животни.
Член 2
(1) За регистрација на увозник на храна за животни од страна на правните лица кои вршат увоз на храна за животни до Агенцијата за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата) се поднесува барање на образец во А4 формат на хартија во бела боја или во електронска форма.
(2) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Регистарот на увозници на храна за животни се води во електронска форма и ги содржи следните податоци:
- реден број,
- број на идентификација на операторот со храна за животни,
- назив на операторот со храна за животни,
- седиште на операторот со храна за животни,
- активност на операторот со храна за животни и
- адреса на објектот каде се складира храната за животни.
Член 4
(1) Во Регистарот на увозници на храна за животни се регистрира и секоја промена на активностите, просториите или престанок на работа на регистрираните правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на храна за животни врз основа на поднесена пријава од увозниците на храна за животни до Агенцијата.
(2) Пријавата на промена на активностите, просториите или престанок на работа на регистрираните правни лица кои вршат увоз или повторен извоз на храна за животни се поднесува на образец во А4 формат на хартија во бела боја или во електронска форма.
(3) Формата и содржината на пријавата од ставот (2) на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-1182/4                              Агенција за храна и ветеринарство
18 септември 2023 година                      в.д. Директор,
Скопје                                                      Николче Бабовски, с.р.