„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.187 од 06.09.2023 г. ОДлука за менување на Одлуката за издавање на лиценца за вршење енергетска дејност пренос на природен гас

07.09.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 18, член 45 став (2) и член 235 став (3) а во врска со член 238 став (1) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 96/19 и 236/22) и член 21 став (1) точка 1 од Правилникот за лиценци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/19, 54/19, 214/19, 114/20, 246/20 и 44/21), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 31 август 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА МЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА
ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС
 
1. Во Одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас издадена на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, Shoqëria Aksionare për ushtrimin e veprimtarisë energjetike përçimi i gazit natyror NOMAGAS Shkup në pronësi shtetërore, Joint Stoc Company for performing energy activity natural gas transmission NOMAGAS Skopje in State Ownership, БУЛЕВАР “СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ бр.54 СКОПЈЕ-ЦЕНТАР, ЦЕНТАР, Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/05, 135/06,45/17 и 4/23), во точката 2 зборовите: „Прилог 1, Лиценца за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас“, се заменуваат со зборовите:„ Прилог, Лиценца за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас“.
2. Прилогот 1 се заменува со нов Прилог кој што е составен дел на оваа одлука.
3. Измената на лиценцата од точка 1 на оваа одлука се врши по службена должност поради усогласување со Законот за енергетика*, прописите и правилата донесени врз основа на Законот за енергетика*.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
                                                             Регулаторна комисија за енергетика
                                            и водни услуги на Република Северна Македонија,
                                                                             Претседател,
УП1 бр. 11-643/23                                   Марко Бислимоски, с.р.
31 август 2023 година
Скопје
 
Прилог
Л И Ц Е Н Ц А
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ
ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС
 
1. Назив и седиште на носителот на лиценцата Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, Shoqëria Aksionare për ushtrimin e veprimtarisë energjetike përçimi i gazit natyror NOMAGAS Shkup në pronësi shtetërore, Joint Stock Company for performing energy activity natural gas transmission NOMAGAS Skopje in State Ownership, БУЛЕВАР “СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ бр.54 СКОПЈЕ-ЦЕНТАР, ЦЕНТАР
2. Енергетска дејност за која се издава лиценцата Пренос на природен гас
3. Датум на издавање на лиценцата: 25 октомври 2005 година
4. Датум на важење на лиценцата: 25 октомври 2040 година
5. Евидентен број на издадената лиценца: ПГОПС-02-2005
6. Единствен матичен број: 7649401
7. Единствен даночен број: 4080022611460
8. Подрачје на кое се врши енергетската дејност
Носителот на лиценцата ја врши енергетската дејност пренос на природен гас преку системот за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, на територијата на Република Севрна Македонија.
9. Објекти и опрема со кои се врши енергетската дејност
Носителот на лиценцата ја врши дејноста пренос на природен гас, преку преносната мрежа која се состои од:
- високопритисен гасовод од македонско-бугарската граница кај Деве Баир до Скопје, како и високопритисните разводни гасоводи од магистралниот гасовод до главно-мерно-регулациони станици лоцирани кај Крива Паланка, Кратово, Куманово, Скопје - Север и Скопје – Југ;
- главна примопредавателна станица на влезот во Република Македонија кај с.Жидилово на македонскобугарска граница;
- главни мерно регулациони станици кај Крива Паланка, Кратово, Куманово, Скопје-Север и Скопје-Југ;
- преносни гасоводни мрежи во градовите Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје;
- мерно регулациски станици приклучени на системот за пренос на природен гас наменети за директните потрошувачи и за системите за дистрибуција.
10. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- да ја одржува, надградува и проширува преносната мрежа за природен гас, управува со системот за пренос на природен гас, и обезбедува поврзување со други системи вклучувајќи и системи за пренос на природен гас на други држави;
- да придонесе за сигурност во снабдувањето со природен гас, преку обезбедување на сигурен, безбеден, економски исплатлив и квалитетен пренос и испорака на природен гас преку системот за пренос;
- да обезбеди доверливо и сигурно функционирање на системот за пренос на природен гас и унапредување на оперативноста;
- во секое време да има на располагање материјални, технички и човечки ресурси, како и финансиски средства потребни за исполнување на своите обврски во однос на развојот, надградувањето и одржувањето на системот за пренос на природен гас;
- да им ги обезбеди сите информации потребни за пристап и користење на системот за пренос на природен гас и да им обезбеди пристап на корисниците на системот за пренос на природен гас;
- да ги одобри барањата на корисниците за приклучување на системот за пренос согласно мрежните правила за пренос на природен гас, доколку тоа е економски оправдано,
- да ги објави на својата веб страница тарифите за пренос, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика;
- да гради нови и да ги надградува постојните интерконективни капацитети со соседните држави, водејќи сметка за ефикасно искористување на постојните интерконективни капацитети и рамнотежа помеѓу инвестициските трошоци и придобивките за потрошувачите;
- да ги обезбеди прекуграничните текови на природен гас преку својата мрежа за пренос во рамките на расположливиот преносен капацитет;
- да изработи годишен план за одржување на системот за пренос и по неговото одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика да го објави на својата веб страница;
- да изработи конечен дневен распоред за пренос и оптоварување на системот за пренос на природен гас и да ги евидентира и чува податоците добиени во процесот на изработка на конечниот дневен распоред;
- да обезбеди дневно диспечирање и управување во реално време со протокот на природен гас водејќи сметка за внатрешните и прекуграничните трансакции преку системот за пренос на природен гас, врз основа на конечниот дневен распоред;
- да обезбеди синхронизирана работа на системот за пренос на природен гас со системите за пренос со кои е директно поврзан, како и да соработува и разменува податоци со операторите на други системи за пренос на природен гас;
- да објавува податоци и навремено да обезбеди информации од операторите на соседните системи за пренос на природен гас за расположливите преносни капацитети на интерконективните водови или транснационалните гасоводи, заради обезбедување на ефикасен, недискриминаторен, објективен и транспарентен пристап и користење на системот за пренос на природен гас;
- да обезбеди инсталирање и одржување на мерни уреди и да го мери протокот на природен гас на сите мерни места во точките за прием и испорака во системот за пренос и да ги достави податоците од мерењата до корисници на системот и до операторот на пазарот на природен гас;
- да им обезбеди пристап на корисниците на системот за пренос на природен гас до мерните уреди што се во негова сопственост;
- да набави системски услуги за балансирање на системот за пренос на природен гас, согласно правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас;
- да воспостави и води регистар на даватели на услуги за балансирање и регистар на балансно одговорни страни;
- да изготви правила за набавка на природен гас за покривање на загубите во системот за пренос на природен гас и да ги достави до Регулаторната комисија за енергетика за одобрување;
- да набави природен гас за покривање на загубите во системот за пренос на природен гас со цел да обезбеди сигурно и доверливо функционирање на системот за пренос на природен гас по пазарни услови на транспарентен, недискриминаторен и конкурентен начин;
- да ги решава преоптоварувањата во преносната мрежа за природен гас, во согласност со мрежните правила за пренос на природен гас;
- да обезбеди балансирање на системот за пренос на природен гас и порамнување на отстапувањата и услугите за балансирање, во однос на давателите и корисниците на услугите за балансирање, како и да ги обезбеди пресметувањето, фактурирањето и наплатата на услугите за балансирање;
- да води евиденција и распоред на физичките трансакции и да ги утврди потребните измени во распоредот на диспечирање на природен гас во случај на загрозување во снабдувањето со природен гас, хаварии или поголеми отстапувања на потрошувачката на природен гас од утврдените количини во рамките на техничките можности на системот за пренос на природен гас, при што трошоците за набавка на природниот гас, со примена на балансниот механизам, се надоместуваат од учесниците на пазарот на природен гас коишто предизвикале отстапување;
- да им обезбеди доверливост на деловните податоци на корисниците на системот за пренос на природен гас;
- да учествува во работата на регионалните и меѓународните организации, инавремено да им обезбеди информации на операторите на преносните и дистрибутивните системи на природен гас со кои е поврзан со цел сигурно и ефикасно функционирање на системите и интерконективните водови;
- да им го става на располагање на учесниците на пазарот на природен гас, на сите влезни и излезни точки, севкупниот капацитет на системот водејќи притоа сметка за интегритетот на системот и ефикасното функционирање на мрежата;
- да води диспечерска книга, записи за доверливоста на системот за пренос, податоци од системот за надзор и управување и мерни податоци и тие книги, записи и податоци да ги чува најмалку десет години;
- да води евиденција за работењето на системот за пренос на начин утврден со мрежните правила за пренос на природен гас и за тоа да ја известува Регулаторната комисија за енергетика, по нејзино барање;
- привремено да ја прекине испораката на природен гас од преносната мрежа со која управува при вршење на планирани прегледи, испитувања, контролни мерења, поправки, одржување, реконструкции и проширувања на објектите, уредите и инсталациите, приклучување на нови корисници, како и во случај на потреба од спречување на ризици од нарушување во системот за пренос на природен гас, во согласност со мрежните правила за пренос на природен гас;
- секоја година да подготвува план за развој на системот за пренос на природен гас за период од наредните десет години и да го доставува планот за одобрување до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 31 октомври во календарската година и по добиеното одобрување планот да го донесе и објави на својата веб страница;
- подготвува и најдоцна до 31 октомври секоја календарска година доставува до Министерството и до Регулаторната комисија за енергетика едногодишни, петгодишни и десетгодишни прогнози за побарувачката на природен гас во Република Македонија;
- за секој регулиран период изготвува и доставува за одобрување до Регулаторната комисија за енергетика планови за инвестирање во системот за пренос, во кои особено треба да биде прикажано очекуваното зголемување на ефикасноста на работата на системот како резултат на предвидените инвестиции;
- да обезбеди услуги за постојан или прекинлив пристап на трета страна и да обезбеди дека цената за капацитетот што подлежи на прекини ја одразува веројатноста за прекини;
- да им понуди на корисниците на системот долгорочни и краткорочни услуги;
- да им нуди услуги за пренос на природен гас на корисниците на системот со примена на еднакви договорни услови, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и објавени на неговата веб страницата;
- да одобрува пристап на трета страна доколку барателот на пристапот обезбеди гаранции за плаќањето на услугата, кои што се определуваат врз основа на начелата на недискриминација, транспарентност и пропорционалност и не претставуваат пречка за влез на пазарот на природен гас.
11. Обврска за доставување на Годишен извештај за работењето
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија најдоцна до 31 март во тековната година да достави Годишен извештај за работењето, вклучувајќи го и извештајот за финансиското и деловното работење во претходната година.
Годишниот извештај со сите прилози задолжително се доставува и во електронска форма.
Годишниот извештај треба да содржи податоци за:
1) опис и обем на вршењето на енергетската дејност во текот на годината,
2) годишна завршна сметка со сите прилози,
3) преземени мерки во текот на извештајната година за:
- заштита на објектите и опремата од надворешни влијанија и хаварии и осигурување на објектите и опремата за вршење на енергетска дејност,
- безбедност и здравје при работа,
- кадровска екипираност, обука и стручно усовршување на вработените,
- заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето,
- извршување на мониторинг на работењето,
- вршење на дејноста во услови на кризна состојба, промена на условите на светскиот пазар, како и воена и вонредна состојба,
4) извршување на годишната програма за ремонти,
5) реализирање на планот за работа кој што се однесува на соодветната година,
6) извршени инспекциски надзори и контроли од страна на надлежни инспекциски и други државни органи, со приложени фотокопии на записниците, извештаите и решенијата од извршените надзори и контроли.
12. Доверливост на информациите
Носителот на лиценцата е должен во согласност со закон, да обезбеди и да гарантира доверливост на деловните податоци и информации при вршењето на енергетската дејност пренос на природен гас.
13. Обезбедување на приклучување и користење на преносниот систем
Носителот на лиценцата е должен да обезбеди приклучување на сите потрошувачи на природен гас или топлинска енергија и сите корисници на системот на пренос на природен гас и системите за дистрибуција на природен гас или топлинска енергија, како и пристап на трети страни за користење на преносниот систем во согласност со закон, друг пропис и општ акт, како и врз основа на Мрежните правила за пренос на природен гас, одобрени од страна на Регулаторната комисија за енергетика врз основа на објективни, транспарентни и недискриминаторни начела.
14. Квалитет на услугата
Носителот на лиценцата е должен да обезбеди потребно ниво на доверливост и расположливост на преносниот систем како услов за квалитет на испорачан природен гас, согласно пропишаните услови за пренос и испорака со природен гас и Мрежните правила
15. Менување, продолжување, пренос, престанување, суспендирање и одземање на лиценцата
Менување, продолжување, пренос, престанување, суспендирање и одземање на оваа лиценца ќе се врши во согласност со одредбите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.
16. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата
Ако носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ќе преземе мерки согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.