„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик

25.08.2023

Усогласување со Директивата 2014/42/ЕУ замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист остварени со казниви дела во Европската Унија со CELEX број 32014L0042, Директива 2008/99/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 19 ноември 2008 година за заштита на животната средина преку кривично право со CELEX број 32008L0099, Директива на Европскиот парламент и на Советот 2005/35/ЕЗ од 7 септември 2005 година за загадување од бродови и за воведување казни за прекршувањата со CELEX број 32005L0035, Директива 2009/123/ЕЗ на Европскиот парламент и Советот од 21 октомври 2009 година за измена на Директива 2005/35/EЗ за загадување од бродови и за воведување казни за прекршувањата со CELEX број 32009L0123, Директива 2012/18/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 4 јули 2012 година за контрола на опасностите од големи несреќи кои вклучуваат опасни супстанции, за измена и последователно укинување на Директива 96/82/ЕЗ на Советот со CELEX број 32012L0018, Директива (ЕУ) 2017/1371 на Европскиот парламент и на Советот од 5 јули 2017 година за сузбивање измами извршени против финансиските интереси на Унијата со казнено-правни средства со CELEX број 32017L1371, Регулатива (ЕУ) бр. 258/2012 на Европскиот парламент и на Советот од 14 март 2012 година за спроведување на член 10 од Протоколот на Обединетите нации против незаконско производство и трговија со огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција, со кој се надополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал („Протокол на ОН за огнено оружје“) и за утврдување на дозвола за извоз и мерки за увоз и транзит на огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција со CELEX број 32012R0258 2. Проширување на опфатот на примената на проширената конфискација во однос на кривичните дела 3. Пропишување на ново кривично дело „Екоцид“ и квантифицирање дејствијата на извршување кај кривичните дела против животната средина на одредено количество поголемо од максималното дозволено со закон или меѓународен договор. 4. Подобрување на ефикасноста и ефективноста на борбата против измамите на штета на фондовите на Европската, како и зголемување на степенот на кривична одговорност и заострување на казнената политика во оваа област 5. Редифинирање на казнената политика во областа на безбедноста во сообраќајот со воведување на ново кривично дело Безобѕирно управување на моторно возило, преку инкриминирање на „потешки прекршоци“ против безбедноста во сообраќајот во кривични дела. 6. Зголемување на казнено правната заштита во однос на одобрувањето или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства.