„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.171 од 11.08.2023 г. Одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва

12.08.2023

Врз основа на член 47 став 1 точка 6, а во согласност со член 20 став 2 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА
ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА РЕЗЕРВА
1. Во Одлуката за задолжителната резерва („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 16/23), во точката 6, во став 1 алинеја 2, процентот: „50%“ се заменува со процентот: „100%“.
Во алинејата 3, процентот: „19%“ се заменува со процентот: „20%“.
2. Точката 8 се менува и гласи: „Задолжителната резерва на банките во денари се
пресметува како збир од:
- износот добиен со примена на стапките од точка 6 став 1 алинеја 1 и став 3 од оваа одлука на основата од обврските во домашна валута; и
- 20% од износот добиен со примена на стапките од точка 6 став 1 алинеја 3, став 2 и став 3 алинеи 2 и 5 од оваа одлука на основата од обврските во странска валута.“
3. Точката 9 се менува и гласи: „Задолжителната резерва на банките во странска
валута се пресметува како збир од:
- 80% од износот добиен со примена на стапките од точка 6 став 1 алинеја 3, став 2 и став 3 алинеи 2 и 5 од оваа одлука на основата од обврските во странска валута; и
- износот добиен со примена на стапката од точка 6 став 1 алинеја 2 и став 3 алинеи 2 и 5 од оваа одлука на основата од обврските во домашна валута со валутна клаузула.“
4. Оваа одлука влегува во сила на денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе започне да се применува oд 1 ноември 2023 година со одржувањето на задолжителната резерва пресметана од обврските од септември 2023 година.
 
                                                          Гувернер и претседавач на Советот
 Бр. 02–27127/2                                     на Народната банка на
1 август 2023 година                      Република Северна Македонија,
 Скопје                                               д-рАнита Ангеловска-Бежоска, с.р.