„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.154 од 20.07.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите

21.07.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
 
 Бр. 08-3784/1                               Претседател на Република
18 јули 2023 година                          Северна Македонија,
Скопје                                                    Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ
 
Член 1
Во Законот за следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ број 71/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 108/19), во член 35 став (2) зборовите: „Советот за граѓанска контрола“ се заменуваат со зборовите: „Советот за граѓански надзор“.
Член 2
Во член 39 во ставот (2) се додава нова реченица, која гласи:
„Комисијата го известува претседателот на Собранието и генералниот секретар на Собранието за изборот на двајцата експерти за постојана поддршка и за изборот на дополнителни национални или меѓународни експерти.“.
По ставот (2) се додаваат пет нови става (3), (4), (5), (6) и (7), кои гласат:
„(3) Со техничките експерти за постојана поддршка од ставот (2) на овој член Собранието склучува договор врз основа на кој им следува месечен надоместок во бруто-износ од една просечна исплатена нето-плата по работник во Републиката, објавена до денот на исплатата.
(4) На техничките експерти за постојана поддршка не им се исплаќа надоместокот од ставот (3) на овој член за месецот во којшто не се ангажирани.
(5) За извршување на работите за кои се ангажирани од Комисијата од членот 38 од овој закон, на техничките експерти од ставот (2) на овој член кои живеат надвор од градот Скопје им следува и надоместок на патни трошоци во висина на цената на билет за користење јавен превоз.
(6) Со дополнителните национални или меѓународни експерти од ставот (2) на овој член, доколку има потреба, на предлог на Комисијата од членот 38 од овој закон Собранието склучува договор за ангажирање, во кој во зависност од условите и обемот на ангажманот може да им се одреди паричен надоместок, кој не може да биде повисок од двократен износ од просечната исплатена нето-плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата.
(7) Надоместоците од ставовите (3), (5) и (6) на овој член се исплаќаат од Буџетот на Собранието на Република Северна Македонија.“.
Ставот (3) станува став (8).