„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Нацрт - Закон за решавање на банки

21.07.2023

Со усвојувањето на Предлогот на законот за решавањето банки ќе се обезбедат предуслови за остварување на следните цели:
 
1) одржување на финансиската стабилност и избегнување на значително негативно влијание врз финансискиот систем;
2) обезбедување континуитет на критичните функции на банката;
3) заштита на јавните средства преку сведување на минимум на можноста за користење вонредна државна финансиска помош;
4) заштита на депонентите коишто имаат обезбедени депозити;
5) заштита на средствата на клиентите на банката;
6) воспоставување на Фонд за решавање банки и
7) утврдување на Народната банка како орган надлежен за решавање на банки