„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈА НА МАЛО (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.52 ОД 09.03.2023 Г..)

10.03.2023

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 9 март 2023 година, донесе
 
О Д Л У К А ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА
ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
 
Член 1
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa следните производи:
- трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
- урда;
- кравјo бело сирење и мешано бело сирење;
- кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан);
- кисело млеко;
- павлака и
- јогурт, без додатоци.
Највисоките цени на производите од ставот 1 на овој член се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 10%.
Член 2
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
 
Бр. 41-2625/3                                                                Претседател на Владата
9 март 2023 година                                               на Република Северна Македонија,

Скопје                                                                         д-р Димитар Ковачевски, с.р.