„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА СТОКИ И ТЕХНОЛОГИИ СО ДВОЈНА УПОТРЕБА

13.06.2023

Врз основа на член 5 точка 1) од Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/05, 84/07, 158/10, 136/11, 199/14, 192/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 215/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 6 јуни 2023 година, донесе
ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА СТОКИ И ТЕХНОЛОГИИ СО ДВОЈНА УПОТРЕБА (*)
Член 1
Со оваа одлука се утврдува Листата на стоки и технологии со двојна употреба, која е дадена во Прилог и е составен дел на оваа одлука.
Член 2
Оваа одлука престанува да важи со пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската унија.
Член 3
Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за утврдување на Листата на стоки и технологии со двојна употреба (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/22).
Член 4
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2786/9                                  Прв заменик на претседателот
6 јуни 2023 година    на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                      д-р Artan Grubi, с.р.