„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за виното, по скратена постапка

14.06.2023

Целта на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за виното заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на цената,начинот на утврдување на цената,правично плакање по откупено винско грозје и основање на институт за утврдување на гарантирана цена за винско грозје како и воведување на нови поими и доуредување на одредни постапки. Предлог законот се заснова на истите начела на кој се заснова Законот за виното.
Основната цел на овој предлог закон е да се утврди производната цена на винско грозје,рокот до кога треба да се утврди производната цена, методологијата за пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје,начинот на утврдување на производна цена и гарантирана цена за откуп. Заради заштита на интересите на производителите на винско грозје министерството ја утврдува производната цена на винско грозје по килограм,најдоцна до 15 јули во тековната година за најмалку две најзастапени сорти.Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет согласно дадена методологија ќе ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството. Во последниот член се предвидува влегувањето во сила на законот со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.