„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ, НАЧИНОТ НА ПАКУВАЊЕ И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИСУСТВО НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ И ДРУГИ ЗАГАДУВАЧИ/КОНТАМИНЕНТИ (ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ И БИОЛОШКИ) НА ТУТУНОТ НАМЕНЕТ ЗА ИЗВОЗ И УВОЗ

09.06.2023

Врз основа на член 43 став 8 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19, 27/20 и 56/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ, НАЧИНОТ НА ПАКУВАЊЕ И НАЧИНОТ
НА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИСУСТВО НА ШТЕТНИ
МАТЕРИИ И ДРУГИ ЗАГАДУВАЧИ/КОНТАМИНЕНТИ (ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ И БИОЛОШКИ)
НА ТУТУНОТ НАМЕНЕТ ЗА ИЗВОЗ И УВОЗ
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот на утврдување на квалитетот, начинот на пакување и начинот на утврдување на присуство на штетни материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) на тутунот наменет за извоз и увоз.
Член 2
Квалитетот на тутунот наменет за извоз и увоз се утврдува согласно членовите 3, 4, 5 и 6 од Правилникот за формата и содржината на барањето, начинот на вршење на контрола на квалитет на тутунот, како и начинот и методите на земање примероци, време, место, начин на чување и уништување на примероците, како и методите за анализа на квалитет на тутунот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.138/21).
Член 3
Тутунот наменет за извоз и увоз треба да биде пакуван во материјал кој е изработен од коноп, памук или картонска кутија.
Mатеријалот во кој се пакува тутунот од став 1 на овој член треба да е сув и без туѓи мириси.
По исклучок на ставовите 1 и 2 на овој член, необработениот тутун кој го проценуваат и откупуваат регистрираните откупувачи на тутун треба да е пакуван во јарма бала и/или картонска кутија.
Член 4
За утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и билошки) во тутунот наменет за извоз и увоз, по барање на правното лице увозник и/или извозник на тутун од страна на државниот инспектор за земјоделство се земаат примероци.
Член 5
По земањето на примероците од член 4 од овој правилник заради утврдување на присуство на штетни материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) на тутунот наменет за извоз и увоз се врши:
- визуелен преглед на тутунот и материјалот во кој е пакуван по однос на штетните материи од биолошко потекло и
- анализа на тутунот во акредитирана лабораторија по однос на штетни материи од хемиско и физичко потекло.
Визуелниот преглед од став 1 алинеја 1 на овој член се врши на местото на истовар односно утовар со земање на примероци согласно стандардот МКС ISO 4874.
За анализа на тутунот од став 1 алинеја 2 на овој член треба да се земаат три исти по состав и обем примероци, од кои еден примерок се праќа за анализа во акредитирана лабораторија, еден примерок останува кај Државниот инспекторат за земјоделство и еден примерок останува кај барателот на член 4 на овој правилник.
Член 6
По извршениот визуелен преглед и земањето на примероци за анализа на тутунот државниот инспектор за земјоделство составува записник во кој се наведуваат: потеклото, местото на земање на примерокот, вид и регистарски број на превозното средство, видот и бројот на паковните едници, бруто и нето тежина на земениот примерок за анализа на тутунот.
Записникот се изготвува во три примерока, од кои еден примерок е за државниот инспектор за земјоделство, еден за акредитираната лабораторија и еден правното лице извозник и/или увозник на тутун.
Врз основа на записникот од страна на државниот инспектор за земјоделство се изготвува барање до акредитирана лабораторија која треба да е акредитирана согласно стандардот ИСО 17025 за анализа на тутунот, за испитување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки).
Барањето од став 3 на овој член треба да содржи: назив на акредитираната лабораторија во која се упатува примерокот за анализа, назив на примерокот кој се испитува, количина на извезена и/или увезена пратка, вид и број на паковни единици, доставена количина на примерокот, потекло на примерокот, назив на правното лице извозник и/или увозник, вид на штетни материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и билошки) кои се анализираат и назив, адреса, број на жиро сметка, даночен број и депонент банка на правното лице од кој е земен примерокот.
Земениот примерок за анализа, заедно со барањето од став 3 на овој член и записникот го доставува до акредитираната лабораторија најдоцна до 48 часа од земањето на примерокот.
Визуелниот преглед и земањето примероци за ана- лиза на тутунот од став 1 на овој член се врши во присуство на вработено лице од правното лице извозник и/или увозник на тутун.
Член 7
По извршената анализа на тутунот од страна на акредитираната лабораторија се изготвува извештај и истиот се доставува до државниот инспектор за земјоделство и до правното лице извозник и/или увозник на тутун.
Член 8
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 29-1713/3                                                    Министер за земјоделство,
31 мај 2023 година                                      шумарство и водостопанство,
Скопје                                                              Љупчо Николовски, с.р