„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

О Д Л У К А ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ

26.05.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 2, а во врска со член 79 став (2) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 15 мај 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ НА
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ
1. Со оваа одлука се одобруваат Правилата за изменување на Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем на операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје.
2. Се задолжува Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје, Правилата од точка 1 од оваа одлука да ги донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука.
3. Се задолжува Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје, Правилата од точка 1 од оваа одлука да ги објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница.
4. Oваа одлука се доставува до Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје.
5. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
                                                                           Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на
                                                                                         Република Северна Македонија,
                                                                                                       Претседател,
                                                                                                 Марко Бислимоски, с.р
Бр. 12-1034/4
15 мај 2023 година
Скопје