„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
16.11.2026
Предлагач е Министерството за култура.
Цели на предлог регулативата
Основна цел на Предлогот на закон е во рок од една година од денот на неговото влегување во сила да се воспостават нормативни и организациски предуслови за поедноставено, поефикасно и подостапно остварување на правото на добивање лиценца за вршење туристичка дејност, преку намалување на административниот товар за туристичките агенции, скратување на времето и олеснување на постапката за поднесување на барањата и добивање на лиценцата, како и обезбедување поголема правна сигурност и транспарентност во постапувањето на надлежните субјекти.
Посебни цели на предложената регулатива се:
• овозможување електронско поднесување на барањето за издавање лиценца кога лиценцата ја издава Министерството за култура и туризам;
• намалување на обемот на документацијата што туристичките агенции треба самостојно да ја обезбедуваат, преку прибавување на определени податоци и докази по службена должност;
• овозможување електронско издавање и доставување на лиценцата и актите донесени во постапката што ја спроведува Министерството за култура и туризам;
• обезбедување појасна и попрецизна постапка за постапување по барањата за издавање лиценца, вклучително и утврдување на основите за отфрлање и одбивање на барањето;
• обезбедување правна сигурност и соодветна правна заштита на барателите;
• задржување на можноста за поднесување барања и спроведување на постапката во хартиена форма.
Со предложените измени не се менуваат материјалните услови за вршење туристичка дејност и добивање лиценца, туку се унапредува начинот на остварување на правото на добивање лиценца.