„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.11.2026
Предлагач е Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Цели на предлог регулативата
Целта на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е усогласување на Законот со Законот за системот за проценка на лица со попреченост, Законот за регистар на задолжително социјално осигурување, воведување на инспекциски надзор на работењето на Фондот на ПИОСМ, до уредување на одредбите со кои се уредуваат бенефицираниот стаж, усогласување со новиот модел на професионална рехабилтација и вработување на лицата со попреченост.
Законот се заснова на начелата на законитост, еднаков третман, недискриминација, пристапност, соодветно приспособување, ефикасност, транспарентност и меѓуинституционална координација при остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување.