„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.10.2026
Надлежно е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
2. Цели на предлог регулативата
Со предлог Законот за здравје на животните се врши усогласување со Регулативата (ЕУ) бр. 2016/429 на Европскиот парламент и на Советот од 9 март 2016 година за преносливи болести кај животните и за изменување и укинување на одредени закони од областа на здравјето на животните.
Зајакнување на системите за надзор на болести кај животните и биолошка безбедност, развивање на поодржливи механизми за финансирање и компензација во случај на жаришта на новопојавени болести кај животните