„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА ЗА МАЛО И ЛЕСНО ОРУЖЈЕ

02.05.2023

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 18 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА ЗА МАЛО И ЛЕСНО ОРУЖЈЕ
 
Член 1
Во Одлуката за образување на Национална комисија за мало и лесно оружје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.177/19) во член 2 ставот 2 се менува и гласи:
„Претседателот, националното контакт лице и секретарот се именуваат на предлог на Министерството за внатрешни работи, а членовите се именуваат на предлог на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за правда, Министерството за надворешни работи, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за финансии - Царинска управа и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Член 2
По членот 4 се додава нов член 4-а, кој гласи:
„Член 4-а
Стручно-административните работи, како и обезбедувањето логистичка, координативна и советодавна поддршка на Националната комисија врши Министерството за внатрешни работи.“
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-1813/7                                                                      Претседател на Владата
18 април 2023 година                                               на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                               д-р Димитар Ковачевски, с.р.