„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на Законот за домување, по скратена постапка

10.09.2026

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на Предлогот на закон за изменување на Законот за домување е остварување на правото на откуп на станот односно правото на пренос на правото на користење на стан, односно право на закуп на стан на становите кои се дадени на користење на одредено време и кој непрекинато го владеат, како и на носителите на правото на користење на стан во општествена сопственост. Носителите на правото на користење на стан кои имаат акт и/или договор за времено користење на стан донесени пред 16 мај 1998 годинa, можат да го остварат правото на откуп на станот односно правото на пренос, односно правото на закуп на стан до 31 декември 2027 година. Предлог законот се заснова на начелата на уставност, законитост, транспарентност и ефикасност.