„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ СО ЛИЧНИ КАРТИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

02.05.2023

З А К О Н
ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ СО ЛИЧНИ КАРТИ ВО ЗАПАДЕН
БАЛКАН
Член 1
Се ратификува Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, потпишан во Берлин на 3 ноември 2022 година.
Член 2
Договорот од членот 1 од овој закон, во оригинал на англиски јазик и во превод на македонски јазик, гласи:
ДОГОВОР ЗА СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ СО ЛИЧНИ КАРТИ ВО ЗАПАДЕН
БАЛКАН
Претставниците на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија (во понатамошниот текст „Страните“, а поединечно „Страна“)
ВОДЕНИ од принципите на правото на ЕУ, европските вредности и добрата пракса на ЕУ, за понатаму да ја унапредат соработката настојувајќи взаемно да ги олеснат условите за патување и добрите односи преку поедноставување на административните процедури за влез, транзит и краток престој на физичките лица/носителите на лични карти во Западен Балкан,
ИЗРАЗУВАЈЌИ подготвеност за зајакнување на регионалната соработка нa меѓусебното разбирање, што ќе придонесе за економскиот развој и зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработувањето во Западен Балкан.
ЗЕМАЈКИ ја предвид важноста на слободното движење на физичките лица/носителите на лични карти за обезбедувањето на напредок и економски лросперитет на силниот и успешен Западен Балкан, преку суштествениот придонес за европската перспектива на регионот.
ЗЕМАЈЌИ ги предвид заклучоците кои лидерите ги донесоа во рамкиге на Берлинскиот процес, истакнувајќи ја визијата за просперитет за луѓето од Западен Балкан да ги уживаат истите слободи како и европските граѓани.
ЗЕМАЈЌИ ја предвид Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар - катализатор за подлабока регионална економска интеграција и отскочна даска кон единствениот пазар на Европската Унија, донесена на Самитот, на лидерите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, одржан во Софија на 10 ноември 2020 година,
УБЕДЕНИ дека регионалната соработка ќе придонесе за градсње општества засновани на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права.
ИМАЈЌИ го предвид значењето што Страните го придаваат на борбата против организираниот криминал, корупцијата и на зајакнувањето на регионалната соработка.
ПРЕПОЗНАВАЈЌИ дека сите Страни имаат европска перспектива и дека регионалната соработка нема намера да ја дуплира или замени ЕУ и дека за овој договор не се потребни институции кои донесуваат законодавство.
Се договорија како што следува:
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
  1. Овој Договор предвидува исти условн за влез, транзит, излез и краток престој на физичките лица/носителите на лични карти.
  2. Физичките лица/носителите на лични карти на кои се однесува овој Договор нмаат право на влез, транзит, излез и краток престој во секоја од Страните во текот на периодот определен со овој Договор.
  3. Овој Договор се однесува само на физичките лица/носителите на лични карти на Страните и не се однесува на физичките лица/носителите на лични карти кои не учествуваат во овој Договор, а кои го регулирале својот престој во една од Страните.
  4. Без да е во спротивност со став I од овој член, лицата помлади од 16 години имаат право на влез, транзит, излез и краток престој во секоја од Страните во согласност со релевантното законодавство на Страната примател.
ДЕФИНИЦИИ
Член 2
За овиј Договор се користат следните поими:
  1. „Физичко лице/носител на лична карта“ - физичко лице кое поседува лична карта на една од Страните;
  2. „Закоиодавство на Страните и административни мсрки1' - релевантни закони и други прописи кои се во сила во соодветните Страни;
  1. „Лична карта“ - важечка лична карта со машински читлив дел со важност
    од најмалку 90 дена, по предвидениот датум на заминување од
    соодветната Страна примател;
  2. „Страна примател“ - Страна во која влегува лице со лична карта (преку
    копнен, морски или воздушен сообраќај), транзитира или престојува на
    краток престој како пгго се смета со овој Договор;
  3. „Краток престој“ - најмногу 90 дена во даден период од 180 дена што
    подразбира дека се земаат предвид 180 дена пред секој ден на престој,
ВЛЕЗ, ТРАНЗИТ, ИЗЛЕЗ И КРАТОК ПРЕСТОЈ
Член 3
  1. Страните гарантираат дека физичкото лице/носителот на лична карта има право на влез, транзит, излез и краток престој во секоја од Страните во согласност со одредбите утврдени во овој Договор.
  2. Од лицето на кое се однесува став I на овој член нема да се бара виза за влез, транзит или излез или еквивалентна формалност.
  3. Овој Договор не е во спротивност со и со него не се отстапува од никој претходен аранжман, пракси или договор помеѓу две или повеќе Страни што е поповолен за физичките лица/носителите на лични карти и не претставува пречка за воспоставување на идни вакви аранжмани или договори.
Член 4

I. Физичкото лице/носителот на лична карта има право на влез, транзит, излез или краток престој во друга Страна доколку:

  1. Има важечка лична карта. Во оправдан итен случај, како што е утврдено во релевантното законодавство на Страната примател, оваа обврска може да се откаже;
  2. Нема забрана за влез изречена од една од Страните;
  1. He се смета за закана за јавниот ред, безбедноста или јавното здравје, како и други
причини согласно релевантните прописи на Страната примател;

II. Стандардизадијата на електронското читање на личната карта и евидентирањето на податоците се вртпи во согласност со законодавството на Страната примател.

Член 5
Секоја Сграна го задржува правото да одбие влез и да го повлече одобрението за транзит или краток престој согласно основите предвидени во чден 4, став I.
 
Член 6
  1. Страните ќе разменат примероци на личните карти најдоцна 30 дена по потпишувањето на овој Договор, преку Депозитарот на Договорот.
  2. Во случај на измени, укинување или воведување на нови видови лични карти, Страните ќе досгават примероци преку Депозитарот најдоцна 30 дена по воведената измена и ќе ги достават иотребните информацик за условите за нивна употреба кои се релевантни за примената на овој Договор.
Член 7
Во случај на губење на личната карта, на нејзиниот носител ќе му се овозможи да ја напушти Страната примател со соодветни патни исправи издадени од надлежните органи.
КОМИСИЈА
Член 8
Се формира Комисија која има задача да ги организира. координира и следи активностите поврзани со спроведувањето и примената на овој Договор,
Член 9
  1. Комисијата е составена од двајца претставници од секоја Страна.
  2. Работага на Комисијата ја координира Советот за регионална соработка (РСС).
  1. Комиснјага го одобрува својот деловник за работа по нејзиното формирање.
Член 10
  1. Комисијата се еостанува најмалку еднаш годишно и на секои шест месеци ги известува Страните за спроведувањето и примената на овој Договор.
  2. Комисијата се состанува и на барање на една од Страните.
  3. Сите одлуки на Комисијата се донесуваат со консензус на сите Страни.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 11
  1. Овој Договор може да се менува само со согласност на сите Страни, ио истата постапка која е почребна за склучување на Договорот.
  2. Сите прашања за спроведувањето и примената на овој Договор се регулираат со протоколи кои ги одобрува Комисијата која е формирана согласно член 8.
Член 12
Страните се согласуваат дека сите спорови кои ироизлегуваат од спроведувањето и примената на овој Договор се разгледуваат во рамките на Комисијата која е формирана согласно член 8.
ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА
Члсн 13
(I) Овој Договор е предмет на ратификација, прифаќање или одобрување во согласност со барањата кои се предвидени со релевантното законодавство на Страните. Официјалното известувавње за ратификација, прифаќање или одобрување се депонира кај Депозитарот во согласност со став IV на овој член.
  1. Овој Договор влегува во сила на триесеттиот (30-гиот) ден по депонирањето на третото официјално известување за ратификација, прифаќање или одобрување за оние Страни кои го депонирале своето официјално известување за ратификација, прифаќање или одобрување.
  2. За секоја Страна која го депонира официјалното известување за ратификација, прифаќање или одобрување по датумот за депонирање на третото официјално известување за ратификација, прифаќање или одобрување, овој Договор влегува во сила на триесеттиот ден по денот на кој таа Страна го депонира официјалното известување за ратификација, прифаќање или одобрување,
  3. Северна Македонија дејствува како Депозитар и ги известува сите Страни за сите известувања кои ги добива во согласност со овој член, како и за сите други акти или известувања во врска со овој Договор.
Член 14
Доколку една Страна се повлече од овој Договор, тој престанува да важи само за таа Страна во рок од 30 дена од датумот на депонирање на известувањето за тоа кај Депозитарот.
Член 15
Договорот е состазен на англиски јазик во еден оригинален примерок, кој осганува во сопственост на Депозитарот. Секоја од Страните добива по една заверена копија од Договорот.
Во Берлин на 3 ноември 2022 година
Член 3
Министерството за внатрешни работи се определува за надлежен орган на државната управа, што ќе се грижи за извршување на Договорот од членот 1 од овој закон.
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.