„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.07.2026
Надлежно е Министерството за финансии.
Цели на предлог регулативата
Основни цели на донесување на Законот, односно спроведување на Пописот се:
-Да се продуцираат навремени и европски споредливи статистички податоци за македонското земјоделство;
-Да се поддржи процесот на креирање и носење одлуки во областа на земјоделството;
-Да се олеснат пристапните процеси на државата во ЕУ, како и користењето на ЕУ фондовите за поддршка на земјоделството;
-Да се обезбедат високи стандарди во однос на здравјето на луѓето и животните и рационален развој на земјоделството и аквакултура и зголемување на продуктивноста;
-Да се обезбедат точни и квалитетни податоци за широк круг на корисници од земјата и странство.