„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за одобрување на Планот за развој на електропреносниот систем за период од

20.04.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 12, а во врска со член 83 став (1) од Законот за енергетика*  („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 10 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОПРЕНОСНИОТ СИСТЕМ
ЗА ПЕРИОД 2023-2032 ГОДИНА

1. Се одобрува Планот за развој на електропреносниот систем за период 2023-2032 година, доставен од страна на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје.
2. Се задолжува Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје, одобрениот план од точката 1 да го објави на својата веб страница.
3. Оваа одлука влегува со сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
                                             Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на
Бр. 12-34/4                                                           Република Северна Македонија
10 април 2023 година                                                          Претседател,
Скопје                                                                           Марко Бислимоски, с.р.