„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
27.04.2026
Предлагачи се група пратеници.
I.ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19), се уредуваат организацијата, начинот на работа и надлежноста на Владата на Република Македонија. Со предложените измени се утврдуваат услови за именување на членови на Владата, со цел зајакнување на критериумите за нивна стручност, интегритет и само државјанство на Република Северна Македонија. Исто така, се пропишуваат преодни и завршни одредби со кои се обезбедува примена на новите услови и за веќе избраните членови на Владата, како и последици во случај на нивно непостапување во утврдениот рок.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Предлогот на законот се заснова врз истите начела врз кои е заснован Законот за Владата на Република Македонија