„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за пратениците, по скратена постапка

22.04.2026

 Предлагачи се група пратеници.

I.ОЦЕНКА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Законот за пратениците („Службен весник на Република Македонија“ број 84/2005, 52/2006, 161/2008, 51/11, 109/14 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 27/19, 51/24, 272/24 и 39/26) се уредуваат прашањата на извршувањето на функцијата пратеник, како и правата и должностите на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците се предвидува повисок критериум за лице кое може да биде избрано за пратеник. Се предвидува кандидатот за пратеник да има само државјанство на Република Северна Македонија.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предлогот на законот се заснова врз истите начела врз кои е заснован Законот за пратениците.