„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

31.03.2023

Врз основа на член 24 став 1 алинеја 3 и член 116 став 7 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на РМ“ број 39/2014, 188/2014, 44/2015,193/2015, 11/2018, 21/2018 и „Службен весник на РСМ“ 11/2019, 98/2019, 153/2019 и 92/2021), Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на ден 17.3.2023 година, донесе
 
П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА
ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПРЕНОСЛИВОСТ НА БРОЕВИ
 
Член 1
Во Правилникот за преносливост на броеви („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015 и „Службен весник на РМ“, бр. 205/2016 година), во член 6 став (5) алинеја (б) по зборовите: ,,барањето е поднесено од неовластено лице“ се додава текстот кој гласи: ,,кое се утврдува преку споредување на единствениот матичен број ЕМБГ и бројот што се пренесува за физички лица или единствен даночен број – ЕДБ и бројот што се пренесува за правни лица“.
 
Член 2
Членот 18 став (2) алинеа (ѓ) наместо: „име, презиме и единствен матичен број за физичко лице или назив и едниствен даночен број за правно“ треба да стои ,,единствениот матичен број ЕМБГ за физичко лице или единствен даночен ЕДБ за правни лица“.
Во став (3) од истиот член по зборот идентификување се додаваат зборовите: „име и презиме за физички лица или назив за правен субјект“.
Член 3
Овој правилник влегува во сила 15 дена по објавувањето на истиот во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Измените на овој Правилник ќе бидат објавени на веб-страницата на Агенцијата за електронски комуникации.
 
 
Бр. 0101-928/2
17 март 2023 година                                                                                                    Директор,
Скопје                                                                                                                            Jeton Akiku, с.р