„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
03.02.2026
Предлагач е Владата на Република Северна Македонија
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Овој предлог на закон за органско земјоделско производство директно има за цел: (а) придонес кон заштита на животната средина и климата; (б) одржување на долгорочната плодност на почвите; (в) придонес кон високо ниво на биолошка разновидност; (г ) значителен придонес кон здрава животна средина; (д) придонес кон високо ниво на стандарди за благосостојба на животните и, особено, во задоволување на специфичните потреби на однесување на животните специфични за конкретните видови животни; (ѓ) поттикнување на кратки дистрибутивни канали и локално производство; (е) поттикнување на зачувувањето на ретки и автохтони раси на животни на кои им се заканува опасност од изумирање; (ж) придонес кон развојот на снабдувањето на растителен генетски материјал прилагоден на посебните потреби и цели на органското земјоделство; (з) придонес кон високо ниво на биодиверзитет, особено со користење на разновиден растителен генетски материјал, како што е органски хетероген материјали и сорти соодветни за органско производство и (ѕ) поттикнување развој на органски селекциони активности со цел придонес кон поволните економски перспективи во органскиот сектор.