„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за обезбедување на квалитет во високото образование и науката

03.02.2026

 Надлежно е Министерство за образование и наука

 
Цели на предлог регулативата

Обезбедувањето квалитет на високообразовните програми и установи е еден од темелите на Болоњскиот процес од неговото создавање. Обезбедувањето квалитет има првенствена мисија за градење меѓусебна доверба меѓу високообразовните установи и другите засегнати страни ширум Европа, но и во светски рамки. Заедно со другите структурни елементи, како што се Европската рамка на квалификации и Европскиот систем за пренос на кредити, обезбедувањето квалитет ја сочинува основата за непречена мобилност на студентите и дипломираните студенти ширум Европскиот простор на високо образование. Посебниот европски пристап за обезбедување квалитет е наведен во клучниот документ, „Стандардите и упатствата за обезбедување на квалитет во Европскиот простор за високо образование“ (ESG). Првото издание на ESG беше првобитно е претставено и одобрено на Министерската конференција во Берген во 2005 година. Обновеното издание на Стандардот беше објавена и одобрена десет години подоцна на Министерската конференција во Ереван, 2015 година. Во наредниот период на Министерската конференција во Јаши-Кишинев се очекува усвојување на ESG 2027.

Овој документ го одразува консензусот меѓу сите организации кои се занимаваат со промоција  и спроведување на обезбедувањето квалитет на Европскиот простор на високо образование. ESG разликува „внатрешно обезбедување на квалитет“ – практики и стратегиите за обезбедување квалитет кои ги спроведуваат високообразовните установи за да го обезбедат сопствениот образовен квалитет – и „надворешно оценување на квалитет“  – стратегии и процеси кои ги спроведуваат надворешни тела.

Стандардите и упатствата за обезбедување на квалитет во Европскиот простор за високо образование, се основа за изведување на високообразовната дејност и основа на системот за обезбедување квалитет. Поточно, стандардите се насочени на обезбедувањето на квалитет на учењето и наставата во високото образование, вклучувајќи ги образовното опкружување и соодветните врски со истражувањата и пронајдоците. Тие ги применуваат за кое било високо образование што се изведува на европскиот простор на високо образование, без оглед на видот на студиите или местото на студирање.

Сите активности за обезбедување квалитет се засноваат на две поврзани цели: отчетност и подобрување. Обезбедувањето на квалитетот и неговото подобрувањето на квалитетот се меѓусебно поврзани.

Главните цели на ESG се дефинирани како „воспоставување на општа рамка за системите за обезбедување квалитет за учење и настава на европско, национално и институционално ниво; обезбедување и подобрување на квалитетот на високото образование во Европската простор на високото образование (EHEA); зајакнување на меѓусебната доверба, со што се  подобруваат признавањето и мобилноста во и надвор од националните граници; доставување на информации за обезбедувањето квалитет во EHEA. Определени се и четирите главни начела за обезбедување квалитет на EHEA:

-             првенствената одговорност за квалитетот на изведувањето на високото образование е на високообразовните установи;

-             обезбедувањето квалитет соодветствува на разноликоста на високообразовните системи, високообразовните установи, студиските програми и студентите;

-             обезбедувањето квалитет го побудува развојот на културата за квалитет;

-             обезбедувањето квалитет ги зема предвид потребите и очекувањата на студентите, сите други засегнати страни и општеството.