„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.01.2026
Надлежно е Министерство за правда,
Цели на предлог регулативата:
Основна цел на предложеното ново законско решение е понатамошно унапредување на правната рамка која ја уредува околината во која работат и функционираат здруженијата, фондациите, сојузите и организационите облици на странските организации во согласност со највисоките стандарди на ЕУ и Советот на Европа.Законот обезбедува услови за остварување на правото на слободно здружување, развој и зголемување на учеството во процесите на креирање на јавни политики на организациите.Посебни цели на предложениот закон се:
-Издигнување на државната поддршка кон организациите на ниво на начело
-Зајакнување на учеството на организациите во јавниот живот и во процесите на креирање политики
-прецизирање и детална разработка на начелото на непрофитност во однос на организациите
-унапредување на правната рамка заради поттикнување на само-одржливост на организациите