„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.12.2025
Надлежно е Министерство за јавна администрација.
Цели на предлог регулативата
Крајна цел на предложениот Закон за високи раководители во органите на државната управа и фондовите е да се подобри раководењето со органите на државната управа и фондовите. Како посебна цел, во контекст на ваквата крајна цел, се јавува консолидирањето и модернизирањето на правната рамка за органите на државната управа и фондовите, односно донесувањето на заеднички (минимални) правила за именувањето на високи раководители во органите на државната управа и фондовите, следењето на нивниот учинок, нивните права и обврски и нивното разрешување од функција.
Со други зборови, цел на законот е:
• да се подобри процесот на именување на директори, членови на колегијални органи на државната управа, членови на управните одбори во органите на државната управа и фондовите, како и државни секретари во министерствата (поширока примена на системот на мерит);
• да се подобри следењето на резултатите од работењето на овие лица;
• да се подобри правната рамка за именување на в.д. и во крајна линија
• да се подобри раководењето односно управувањето со органите на државната управа и фондовите.