„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
16.12.2025
Предлагач е Владата на РСМ
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на проектот е изградба на Фотонапонска електроцентрала Битола 3 преку која се очекува да се добие зголемување на инсталираната моќност од обновливи извори на енергија од минимум 134 MWdc, како и зголемено производство на електрична енергија од околу 175 GWh годишно. Со имплементација на проектот ќе се зголеми учеството на обновливи извори на енергија во земјата со што ќе се придонесе за исполнување на стратешките определби и обврските согласно меѓународните договори за учеството на обновлите извори на енергија и тоа: · инсталиран капацитет на фотонапонската електроцентрала Битола 3 - 134 MWdc, при што просечното годишно производство на електрична енергија ќе изнесува околу 175 GWh, · ќе се уредат околу 200ha земјиште во кругот на рудникот во РЕК Битола, за кое АД ЕСМ има обврска за рекултивација. Преку зголемување на учеството на обновливите извори за производство на електрична енергија со овие проекти, би се компензирале годишни емисии на CO2 доколку оваа енергија би се произвела од термоелектрани и тоа: · 130.000t - за инсталиран капацитет од 134 MWdc и просечно годишно производство на електрична енергија од електроцентралата од 175 GWh. Обезбедувањето на дополнителните средства за финансирање на Проектот